City Girl Column






Како се поздравува со оној кој ти бил се а никогаш твој???

Те видов пред некој ден, седеше во кафана со другарите онака малски викендашки расположени, насмеани пак  нешто се пречкавте како  по обичај.
Поминував случајно, сакав да продолжам кога го сврте погледот.
Сеуште се смееше ама јас и ти најдобро ја знаеме онаа "вештачка" насмевка.
Тој поглед ме закова за место, а видов колу и да сакаше да скриеш, видов дека не ти беше сеедно. А ме видоа и твоите другари и  пак бев онаа "арогантна" која несака ни рака да крене и да отпоздрави од далеку.
А како.... Како се поздравува со некој кој ти бил се а никогаш твој???
Како се поздравува оној во чиј поглед си гледала надеж???
Како се поздравува со оној чија насмевка ти ги разубавувала деновите???
Како се поздравува со оној кој ти е прва и последна мисла???

Како се поздравува со оној кој ти бил се а никогаш не бил твој???



После Сите овие години ???
Секогаш!!!

Стоеше на терасата со чаша ладно бело вино. Ноќта веќе одамна беше одмината,сепак надвор сеуште се слушаа весели гласови иако локалите околу плоштадот одамна имаа затворено.
Светлата силно сјаеа додека околу неа се беше темно.
Темнината и одговараше беше иста како нејзиното расположение.
Темно и болно.
Мислеше дека ќе помине,дека е само едно од оние нејзини патетични фази.
Ама ..... НЕ не поминуваше.
Ова не беше фаза ..... Ебано многу болеше за да биде фаза.
Ниту целиот месец поминат низ Европа .... не помогна!!!
Ниту оние флаши вино,потрошени пари и ноќни излегувања не успеаа !!!
Ништо не можеше да ја убие оваа болка!!!

Утрово кога излегуваше од аеродромот помисли " а можеби само умислувам може поминало" ама не ..... како бумеранг ја удри, овој пат уште појако.

Седејќи удобно стуткана на фотелјата на малата тераса гледајќи по плоштадот како поминуваат многу заљубени парови одендаш се наврати назад.

На оној момент кога првпат и врати на пораката, му беше честитала роденден ни во најлудите соништа не очекуваше да и пише.
Така почна се ...... долги ноќни разговори, илјадници пораки испишани во текот на денот.
А она ..... одамна не била така насмеана.
Поминаа години кога последен пат почувствувала пеперутки во стомак.
Веќе не  ја памтеше онаа возбуда при секое вибрирање на телефонот.
Една негова порака и веќе ништо друго не беше важно.
Можеше светот да се сруши само он да е до неа доволно и беше.

Ама ..... можеби е банално но ......

Тоа не и беше доволно.

Сакаше повеќе, го сакаше него, неговите мани, неговите слабости.
Сакаше со часови да седи до него и да не прават буквално ништо.
Само да биде со него.

Сакаше да биде дел од неговиот живот.
Го сакаше оној дел од него кој го знаеа само оние кои беа најблиску до него.
Она за да го почувствува свој.
Сакаше да го запознае, не дека не го знаеше, хахахаха побогу и двајцата беа деца кога првпат го запозна.
Она 18години, он 27.
Љубов на прв поглед, љубов за која она немаше храброст да прозбори.
Љубов која мислеше дека никогаш нема да се случи.
Човек за кој мислеше дека засекогаш ќе остане само желба.
Човек кој никогаш нема да биде нејзин.

Сега седејќи сама во тишина се сеќаваше на неговите зборови, "Јас не сум за во врска".

Како поминуаше времето се прашуваше како ли да му докаже дека е "совршениот" за нивната врска.
Зар толку не е свесен се прашуваше постојано.
Ама едно беше сигурно, он дефинитивно беше свесен дека никогаш или барем за неа нема да се премисли.
Дефинитивно никогаш нема да си признае дека е спремен за врска.
Дефинитивно беше дека никогаш или барем сега нема да им даде шанса.

А она ..... се умори од чекање, се умори да добива само трошки, се умори наместо љубов да добива само добар секс.






СКОПЈЕ ....... ПОВЕЌЕ НЕМАШ ЉУБОВ ЗА МЕНЕ!!!

Го погледна Вардар,сеуште беше матен, ама повеќе не беше одбивен,некако .... на свој начин беше убав. Сега имаше бродови во него :D можеби тие го правеа поубав или ... што знам повеќе не беше стариот Вардар.
Или можеби скалите го правеа повпечатлив,не беа веќе старите скали. Овие не беа искршени,на овие немаше глупави натписи со црн спреј,овие беа убави,бели,чисти. Се спојувааа од лево со мостот,а од десно со плоштадот. Можеби затоа Вардар изгледаше поубаво,скалите му даваа некој поубав шмек. Или можеби беа градбите на левиот брег? Левиот Брег повеќе не беше пуст,запуштен, не беше мрачен. Сега беше осветлен,калдрмата од Камениот мост сеуште продолжуваше кон Старата Чаршија. А таа повеќе не се крие во темница,сега силно свети, на влезот те пречекува со убав плоштад горда на својата цврстина и поубава од било кога.
Од оваа страна бел мермер како створен за Скопскиот Плоштад,на моменти подната фонтана му ја менува бојата ама тоа му дава посебен сјај.
А кралот гордо стои на средина.
Колку само беше убаво Скопје на јулското сонце!!!
Таа стоеше на терасата од станот,од овде на врвот од зградата на Култура погледот досегаше дури до старата Џамија во средина на Чаршијата. Од врвот на зградата се гледаше убавината на Центарот на Скопје.
Скопје ..... и ти порасна :) од грдото пајче стана прекрасен лебед.
И требаше само еден поглед на плоштадот долу, да сфати колку само Скопје порасна. Малиот град од малата држава во срцето на Балканот веќе порасна,го преживеа Америчкото полнолетство, со Светското почна да се разубавува, за со Британското да засвети со својата убавина во полн сјај.
И еве сега на 25години поубав е од било кога !!!
Со еден поглед кон Мериот те наведува да се запрашаш, “Добија ли Холидеј Ин и Палас достојна конкуренција” во ова НОВО Скопје? И одеднаш БАМ ..... Пелистер и Тренд со еден звук те потсетуваат дека ова НЕ Е НОВО СКОПЈЕ ......Само повеќе НЕ Е ДЕТЕ !!!
Всушност ... исто како и ти .
* Секоја година е се поубав = Миа застанувајќи до неа и ја подаде чашата со ладно кафе
 * Да, убав беше и кога отидов = ледот во кафето како да имаше некоја тајна задача да и го олади вжештениот мозок
* Прават СЕ за да биде убав
* Го Сакаат, Миа !!!
* Хах ... да ама изгледа и Скопје ги сака Нив :)
* Изгледа ........
* Колку ќе останеш овојпат ?
Тишината се спушти помеѓу нив. Таа го тргна погледот од убавината пред себе, се сврте кон својата единствена вистинска пријателка, сеуште молчејќи. Знаеше дека Миа не мислеше ништо лошо, но прашањето беше како ДежаВу. Вака стоеа и дента кога одлучи да замине. Гледајќи во својата другарка,со болка во гластот одговори.
* Долго.
* Колку долго ? = како болката од нејзиниот глас да прејде на Миа
* Многу долго .......
Двете повторно се свртеа кон плоштадот, Скопје сеуште беше убаво, само ..... сега нејзините очи во него не гледаа љубов.
Сега лузните од трњата на црвените рози во нејзиниот грб, печеа посилно од зраците на јулското сонце на Скопскиот асвалт.

СКОПЈЕ ....... ПОВЕЌЕ НЕМАШЕ ЉУБОВ ЗА НЕА !!!






СЕПТЕМВРИ ........... МИРИСОТ НА САМОТИЈАТА !!!!


Темни облаци ..... облаци створени за дожд.
Таков е Септември :)
Мириса на чад,на дим,на дожд,на труло дрво.
Мириса на чај и колачи.

Го чувствуваш ли?
Го чувствуваш ли тој мирис?

Знаеш....го сакам овој мирис.
Мириса на топлина,на љубов,на дом.

Ама .... мириса и на уште нешто....
Мириса на Самотија.
Да .... мирисот на самотија.
Ама,не онаа кога немаш никого.
Онаа другата ..... :)

Онаа кога надвор дува ладен ветар,а немаш душа да го затвориш прозорецот.
Онаа кога само еден поглед надвор ти е доволен за спокој.
Онаа кога мирисот на зачини и дим од оџакот,повеќе не ти сметаат.
Онаа кога вкусот на кафе и колачи е подобар од кавијар,
Онаа кога старото вино и паднатите листови во паркот под твојот прозорец,не сакаш да ги споделиш со никого.
Онаа кога книгата ти е единствениот пријател.
Онаа кога тишината ти е најубавата музика.
Онаа кога разговорите не ти се потребни.
Онаа кога сопствените мисли ти се најдоброто друштво.


ЕСЕН!!!
СЕПТЕМВРИ!!!

МИРИСОТ НА САМОТИЈАТА :D

ГО ЧУВСТВУВАШ ЛИ?!

Comments

Popular Posts

Contact Form

Name

Email *

Message *